ВИДЕО | ЦЕЛИОТ БАЛКАН ЗБОРУВА ЗА ОВАА РЕКЛАМА – Погледнете како “маркетинг волшебници“ го освоија регионот: “Ова лесно може да се реши“

Доколку поседувате профил на некоја од социјалните мрежи, во последните денови беше речиси невозможно да ја пропуштите комичната реклама од Србија за ПВЦ столарија.

Имено, таа беше споделена на социјалната мрежа Тик Ток од профилот на компанија од Србија која произведува алуминиумска и ПВЦ столарија и за четири дена собра 1,6 милиони прегледи.

Рекламата прикажува жена која изгледа како да му вика на сопругот од под прозорецот, а потоа се појавува вработен во споменатата компанија со решение. Многумина ги освои тоа што се работи за реклама за која не биле ангажирани актери, а притоа е одлично реализирана.

Додека го затвора прозорецот, гласот на жената се стишува, а вработениот вели:

Ова лесно може да се реши, дихтувањето е многу важно – столарија Станишиќ“.

Видеото предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а повеќето ги пофалија за нивната креативност во коментари.