ВИДЕО | Целиот свет го исмева скапиот напаѓач на Ливерпул: Го помина голманот и промаши празен гол – погледнете

Во сенка на убедливиот триумф на Ливерпул во Лига Европа остана нереалното промашување на напаѓачот на „Црвените“ – Дарвин Нуњез.

Во третото коло од групната фаза на Лига Европа, Ливерпул пред своите навивачи го совлада Тулуз со резултат 5:1.

Сепак, по натпреварот во центарот на вниманието не беа головите на „Црвените“, туку нереалното промашување на скапиот голгетер на англискиот клуб – Дарвин Нуњез.

Во 65. минута од натпреварот Уругваецот се посрамоти за сите пари. Јота му ја додаде топката, Дарвин Нуњез тргна во слалом, дриблаше покрај голманот, а потоа следеше шок. Остана само да ја смести топката во празниот гол, а тој ја погоди стативата.

Тој падна на колена и се фати за главата, немајќи сила или волја да го прослави голот на Ливерпул кој следеше по неговото промашување, а тој момент можете да го погледнете ОВДЕ.

Поради промашувањето тој брзо стана предмет на потсмев на социјалните мрежи.