Турција испраќа специјални сили на Косово на барање на НАТО

Се планира испраќање сили во базата Султан Мурад на Косово на 4-5 Јуни, Министерството за одбрана на Турција соопшти и нагласи дека Анкара ги повикува страните во конфликтот на воздржаност

Турските специјални сили се селат на Косово како одговор на барањето на НАТО, соопшти денеска турското Министерство за одбрана.

„Како одговор на барањето добиено од Здружениот штаб на НАТО во Неапол, поради настаните на Косово, баталјонот на 65-та механизирана пешадиска бригада беше одреден како резервен баталјон. Планирано е испраќање сили во базата Султан Мурад на Косово на 4-5 јуни“, се наведува во соопштението.

Министерството за одбрана исто така нагласи дека Анкара ги повикува страните во конфликтот на воздржаност.

Имено, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на 31 мај телефонски разговарал со српскиот претседател Александар Вучиќ и со премиерот на Косово Албин Курти.

Разговарајќи за билатералните односи со Белград и Приштина, Ердоган истакна дека дијалогот е единствениот начин за воспоставување мир во регионот.

Анкара ја потврди и својата подготвеност да придонесе за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово.

Претседателот на Србија го повика турскиот лидер да го искористи своето влијание за воспоставување мир и стабилност на Западен Балкан.