ВИДЕО | ЦРВЕН АЛАРМ ЗА НЕВРЕМЕ ВО ГРЦИЈА – Новиот топлотен бран беснее, пожарите на островите продолжуваат, но доаѓа голема промена !?

Во Грција денес започнува уште еден топлотен бран со предвидена температура од 44 степени, додека пожари се уште горат на делови од туристичките острови Родос и Крф, соопштија грчките власти.

Грција, оган
Грција

Метеоролошката служба соопшти дека во Атина денеска ќе биде 41 степен, а во централниот дел на земјата 44 Целзиусови степени.

Оние многу високи температури кои доаѓаат по викендот со екстремни горештини ќе продолжат и утре пред очекуваниот пад до пет степени од четврток.

Грција, оган
Грција

Грција се соочува со еден од најдолгите топлотни бранови во последниве години, според метеоролозите.

Пожарникарите денеска продолжија со гаснење на пожарите на островите Родос во Егејското Море на југоисток, Крф во Јонското Море на северозапад и Евбеја, голем остров источно од Атина.

Грција, оган
Грција

Тие шумски пожари, поттикнати од силните ветрови, веќе уништија неколку илјади хектари шума и вегетација, а досега за среќа нема пријавени жртви.

Во многу региони низ Грција и денеска има „црвен метео аларм“, кој е аларм за опасност од шумски пожари, додека на Егејското Море дува ветрови со брзина до 40 километри на час.