Главниот ривал на Доналд Трамп доживеал сообраќајна несреќа – автомобилот на Рон ДеСантис учествувал во судир во Тенеси

Рон Десантис, гувернерот на Флорида и кандидат за номинација на Републиканската партија за претседателските избори во 2024 година во Соединетите Американски Држави (САД), доживеал сообраќајна несреќа во Тенеси.

Медиумската агенција Reuters јавува дека Рон Десантис не бил повреден во сообраќајната несреќа, според информациите објавени од неговиот портпарол Брајан Грифин.

Утрово гувернерот доживеа сообраќајна несреќа додека патуваше на настан во Чатануга, Тенеси. Тој и неговиот тим не се повредени“, изјавил Брајан Грифин за американските медиуми.

Рон Десантис
Рон Десантис

Предизборниот штаб на Рон Десантис не даде други информации за несреќата.

Се вели дека Рон Десантис се смета за главен ривал на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, во трката за републиканска номинација.