ЦИА ОБУЧИВАЛА УКРАИНЦИ КАКО ДА ГО НАПАДНАТ КРЕМЉ !? Протекоа тајни документи кои откриваат колку длабоко одат врските меѓу Вашингтон и Киев

Со голема вклученост на ЦИА, украинските тајни служби со месеци вршат напади врз руски цели во позадина, од напади со беспилотни летала на Кремљ до поставување бомба под автомобилот на рускиот филозоф, Александар Дугин, а во тој напад беше убиена неговата 30-годишната ќерка Дарија.

Детали за интензивното вклучување на ЦИА во обуката и опремувањето на украинските тајни служби објави весникот The Washington Post, по разговорите со 20-тина украински и американски функционери. Од руската анексија на Крим во 2014 година, ЦИА интензивно обучува украински разузнавачи за извршување на тешки операции.

Во последно време Украинците признаа дека извршиле акции за кои досега одбиваа да преземат одговорност, како што е атентатот во кој беше убиена ќерката на Александар Дугин. Убиството предизвика непријатност во Вашингтон: Американските власти нагласуваат дека не се вклучени во целни операции за убивање, туку дека нивните напори се фокусирани на зајакнување на способноста на украинските служби да собираат разузнавачки информации.

слика
Александар Дугин на местото на експлозијата во која загина неговата ќерка Дарија

Бомбата што ја уби Дарија Дугин е дел од жестоката војна напред-назад, во која украинските служби двапати го бомбардираа мостот што ја поврзува Русија со окупираниот Крим, испратија беспилотни летала кои носеа експлозиви на покривите на Кремљ и ги пробија труповите на руските бродови во Црното Море. Во изминатите 20 месеци, весникот тврди, украинската СБУ и воената разузнавачка служба ГУР извршиле десетици атентати на руски функционери на окупираните територии, украински соработници и истакнати застапници на војната во Русија.

Украина прави се за да се осигура дека предавниците, воените злосторници и соработниците ќе добијат праведна казна“, порача директорот на СБУВасил Маљук, кој минатиот месец се сретна со директорите на ЦИА во Вашингтон

Плашејќи се од инфилтрација на руските служби, ЦИА соработуваше со СБУ за да создаде нова дирекција за операции против Русите, изолирана од другите оддели.

Новиот оддел беше наречен Петта управа, а во меѓувреме беше формиран шестиот, кој работи со британската МИ6. Целта на првите мисии на украинските агенти обучени од ЦИА беше да регрутираат информатори меѓу руските сили. СБУ потоа започна диверзантски операции и почна да ги фаќа сепаратистичките водачи, а потоа започнаа со атентатите.

Во исто време, ЦИА се впушти во многу поамбициозен проект со украинската воена разузнавачка служба ГУР. Многу е помал, со помлади вработени, а ЦИА за неколку години „го обнови од нула“.

Во Украина, а подоцна и во САД, оперативците на ГУР беа обучени за вештини кои се движат од тајни маневри зад непријателските линии до ракување со оружје и експлозиви. Целта на обуката беше да им се помогне да се заштитат на територијата под руска контрола, а не да им наштетат на руските цели, тврдат Американците.

Загрижени дека Русите го контролираат седиштето на ГУР, ЦИА плати за две нови згради за сместување на единицата за специјални операции на ГУР и дирекцијата за електронска шпионажа. Украинците добија пристап до огромен број информации: за еден ден ќе пресретнат од 250.000 до 300.000 одделни комуникации, па купиштата податоци ги испраќаат до Вашингтон, каде што ќе ги анализираат аналитичарите на ЦИА и НСА.