ВИДЕО | ЦРНИ БРОЈКИ ОД РУСИЈА – Се повеќе повредени од големата експлозија во близина на Москва: Властите ја октирја причината: “Не се работи за напад со дрон, туку…“

Бројот на повредени во експлозијата во фабриката за пиротехнички сретства во близина на главниот град на Русија, Москва, се искачи на 45, соопштија денес локалните власти.

Вкупно 23 лица се хоспитализирани, од кои шест се на интензивна нега, пренесува медиумската агенција Reuters.

Руската државна медиумска агнеција ТАСС објави дека несреќата не е предизвикана од напад со дрон од Украина, туку дека е одговорен „човечкиот фактор“.

Во експлозијата е уништен хангар со површина од 1.600 метри квадратни, кој бил закупен од приватна компанија на земјиштето на фабриката, а од силината на експлозијата пукнало стаклото на неколку куќи во близина на фабриката.

Оптичко-механичката фабрика Zagorsk е водечки производител на оптички и електронски уреди што ги користат полицијата и здравствените работници, пренесува ТАСС.