ВИДЕО | ЧОВЕК ОБЛЕЧЕН КАКО ДЕДО МРАЗ ПАДНАЛ ОД ЗГРАДА И ПОЧИНАЛ – На социјалните мрежи кружи вознемирувачка снимка: Тој сакал да ги изненади децата, но…

Во рускиот град Челјабинск маж облечен како Дедо Мраз паднал од балконот на 24 кат на станбена зграда и починал, а истрагата е во тек, соопшти регионалното обвинителство, пренесоа руските медиуми.

На профил на социјалната мрежа Телеграм кој ги следи настаните во Челјабинск, беше објавено видео од човек облечен како Дедо Мраз кој се качува преку балкон на катна зграда, се држи за јаже, но во одреден момент се спушта и паѓа, додека во истото време возрасните и децата стојат во дворот на зградата и гледаат што се случува.

Ве предупредуваме дека видеото е вознемирувачко.

Според локалните медиуми, мажот требало да се спушти во дворот на детска забава.

Според информациите кои руските медиуми ги добиле од обвинителството, повредениот е роден 1974 година, а се утврдуваат сите околности на овој инцидент.