ВИДЕО | Студенти во Прага скокале од зграда за да побегнат од масовниот убиец, објавена е снимка

Во нападот што се случи вчера попладне на колеџот во центарот на Прага, загинаа 14 лица, меѓу кои и напаѓачот, а повеќе од 30 се повредени. Тоа е најлошото масовно пукање во историјата на Чешка.

Од вчера попладне од Прага пристигнуваат драматични снимки на кои се гледа како луѓето панично бегаат по познатиот Карлов мост во центарот на главниот град, се кријат во училниците и на рабовите на зградата на факултетот, а сега се појави и снимка на која се гледа како студентите скокаат од зграда за да си го спасат животот.