ЕСМ Снабдување со топлина нуди можност за бесплатно приклучување на исклучените потрошувачи

До 31-ви август 2023 година, ЕСМ Снабдување со топлина нуди можност за бесплатно приклучување на исклучените потрошувачи. Со цел да им се овозможи на што поголем број потрошувачи да ги користат придобивките на системот за централното греење, се одвива акција за бесплатно приклушување за исклучените потрошувачи кои ќе се одлучат да се приклучат на системот за централно греење, информираат од ЕСМ Снабдување со топлина.

Акцијата за приклучување се спроведува по принципот „прв пријавен, прв услужен“, а важи за сите заинтересираните корисници кои имаат техничка можност, но не се приклучени на системот за топлинска енергија. Поволностите од акцијата за бесплатно приклучување важат само во објектите кои се приклучени на централниот систем за греење и каде има техничка можност за приклучување на станот или деловниот простор.

За да ја искористат можноста за бесплатно приклучување, заинтересираните потрошувачи треба што поскоро, а најдоцна до 31-ви август, да поднесат писмено барање во приклучување во некој од пунктовите за потрошувачи на ЕСМ Снабдување со топлина. По завршување на акцијата, односно од 1-ви септември 2023 година, приклучувањето ќе се наплаќа во целост согласно важечкиот ценовник- стои во соопштението.