(ВИДЕО) Шкода го најави новиот Elroq

Оваа година во Шкода се многу зафатени.

Škoda дефинитивно прерасна во еден од столбовите на VW групацијата, а тоа бара силно темпо на пазарот. Важно е понудата да остане свежа, а тоа значи дека оваа година многу модели ќе поминат низ третман за модернизација. Прв е Kamiq, а потоа Скала.

Приказна за себе е Superb, чија нова генерација ќе пристигне во втората половина на годината. Истото важи и за Kodiaq, кој добива и plug-in хибридна верзија. Инаку, Superb повеќе нема да се произведува во Чешка, туку производството се сели во Словачка. Во Братислава, Superb ќе се произведува заедно со неговиот технолошки близнак VW Passat.

Сите новости се уште не се откриени, но извесно е дека ќе се засили и електричната понуда. Enyaq на тој начин добива луксузна изведба на Laurin & Klement. Изложен е и сосема новиот модел Elroq, позициониран под Enyaq.

Станува збор за новина која не е поврзана со близнакот на неодамна претставениот Volkswagen ID 2all. Вториот, пак, со ознаката на Škoda ќе пристигне подоцна, веројатно дури во 2025 година. Конечно, третата електрична Škoda ќе биде голем SUV базиран на концептот Vision 7S.

И за крај да го споменеме најпопуларниот модел со 141.100 продадени примероци. Octavia останува во игра, а ќе има редизајн во текот на 2024 година, заедно со VW Golf.