ВИДЕО | ШОКАНТНА СНИМКА – Погледнете го срамното однесување на Кристијано Роналдо: Португалецот доживеал излив на бес на теренот – викаше по судијата, а потоа нападна еден човек!

Ал Наср го совлада Шабаб Ал Ахли со 4:2 по големиот пресврт во финишот на натпреварот и се пласираше во групната фаза од азиската Лига на шампиони.

Кристијано Роналдо повторно беше во центарот на вниманието. За жал, не поради одличната игра и фудбалските вештини, туку поради скандалозниот испад што го имаше на полувремето.

По првите 45. минути игра гостите предводени од клупата на српскиот стручњак Марко Николиќ имаа предност од 2:1, па славниот Португалец беше видно незадоволен.

Кога Кристијано Роналдо отишол во соблекувалната на пауза, му се развикал на судијата, а потоа налутено го оттурнал човекот кој му го попречил патот.

Разбуди се“, му викнал Кристијано Роналдо на судијата, верувајќи дека судијата го оштетил неговиот клуб во неколку ситуации. Потоа дивјачки турнал човек кој чекал да направи селфи со познатиот фудбалер. .

Погледнете го новиот испад на Португалецот: