ВИДЕО | ШОКАНТНА СЦЕНА ОД ТРЕНИНГОТ НА ФРАНЦИЈА – Тешко повредена младата ѕвезда на Реал Мадрид – фудбалерите стојат околу него, а тој не може ниту да стане !?
Не многу добри вести за Дидие Дешам, а уште помалку за Карло Анчелоти, доаѓаат од таборот на француската фудбалска репрезентација.
Угледниот L‘Equipe пренесува дека Едуардо Камавинга го напуштил тренингот по повреда на коленото што ја заработил на дуел со Осман Дембеле. Најпрво сите се собраа околу младиот играч на Реал Мадрид, а потоа Французинот му сигнализираше на медицинскиот персонал на болки. Успева да стане и од нервоза удира по тревникот, но по тој момент го напушта тренингот.
Погледнете како изгледал тој момент ОВДЕ.
Ова се дополнителни неволји за Карло Анчелоти, кој од порано ги немаше на располагање во средниот ред Аурелиен Чуамени (повреда на стапалото) и Дани Себаљос (повреда на мускулот), а на последниот натпревар отсуствуваше и Џуд Белингам поради повреда на рамото. Се уште не е познато колку долго 21-годишниот Едуардо Камавинга ќе биде надвор од теренот, но од првите сцени не изгледа добро…