ВИДЕО | ШОКАНТНИ СЦЕНИ ОД ГЕРМАНИЈА – Силно невреме го потопи Хамбург, водата на места била длабока и до половината

Хамбург го зафати невремето „Золтан“, а водата на некои места била длабока и до половината.

Невремето, исто така, ги уништи божиќните планови на многу патници, бидејќи возовите на меѓуградските линии доцнат или се во застој низ целата земја, соопштија германските власти.

Хамбург, Германија, поплави
Хамбург, Германија

Железничките линии на северот на земјата се особено погодени. Сепак, доцнење и откажување на полетувања може да се очекуваат и на линиите меѓу Хамбург и Франкфурт, како и Хамбург и Минхен. Покрај тоа, возовите не застануваат на некои железнички станици, пишува dpa.

Ние користиме тешка опрема за да ги отвориме рутите што е можно побрзо. Сите екипи за чистење се на пат со возила за поправка за да ги отстранат дрвјата од шините и да ги поправат надземните водови се на терен“, изјави портпаролката на „Дојче Бан“.

Во Хамбург, силно невреме во текот на ноќта турна вода на брегот на Елба, целосно поплавувајќи го рибниот пазар и околните улици.

Водата на некои места била и до половината. Под вода се и автомобили кои возачите не ги препаркирале навреме, пишуваат германските медиуми.