ВИДЕО | ШОКАНТНО ТВРДЕЊЕ НА ПОЗНАТ АМЕРИКАНСКИ ММА БОРЕЦ – По тешкиот ‘нокаут’ во Русија, Владимир Путин му уплатил 150.000 долари на неговата сметка !?
Познатиот американски ММА борец, Ентони Руиз, тврди дека претседателот на Русија, Владимир Путин, уплатил огромна сума пари на неговата сметка по еден пораз во Сочи.
Ентони Руиз во 2012 година доживеа тежок пораз во Сочи од познатиот ММА борец Александар Шлеменко.
Ентони Руиз беше голем аутсајдер во таа борба. Рускиот борец доминираше од самиот старт, удирајќи го со брутални удари, три пати соборувајќи го на подот, но и покрај тоа, Ентони Руиз продолжи да се бори до самиот крај. И покрај тоа што носот му беше скршен, а лицето беше целосно изобличено, тој се држеше до последното ѕвоно.
Владимир Путин, кој ја следел тепачката во живо, наводно бил импресиониран од Американецот. Тој изразил восхит за неговата упорност и покрај сериозните повреди.
Кога се вратил дома во Калифорнија, на неговата сметка легнала уплата од 150.000 долари.
„Не можев да поверувам. Знаев дека тоа доаѓа од Владимир Путин, а тој е еден од најбогатите луѓе на светот. Значи, навистина, 150.000 долари не се многу за него. Ги задржав парите. Тоа беше реално, навистина се случи“, изјави еднаш Ентони Руиз.
Американецот, кој ја заврши кариерата во 2019 година по борбата во Сочи, гостуваше во Русија уште два пати, забележувајќи и победа и пораз.