ВИДЕО | “ШОЈГУ, ГЕРАСИМОВ, КАДЕ ПО ЃАВОЛИТЕ Е МУНИЦИЈАТА !?“ – Бесниот Евгениј Пригожин газеше околу мртвите тела на групата Вагнер и порача: “Се повлекуваме од Бахмут!“

Евгениј Пригожин официјално ја објави веста: „Групата Вагнер се повлекува од Бахмут на 10. мај поради недостаток на муниција“.

Според рускиот командант на приватната воена група, ресурсите на Вагнер пресушиле во април, а како резултат на тоа нивните загуби екпоненцијално растат секој ден.

Ги повлекувам единиците на Вагнер од Бахмут бидејќи во отсуство на муниција тие се осудени на сурова смрт. Ние сме должни да ги пренесеме позициите во Бахмут на единиците на Министерството за одбрана на Русија и да ги повлечеме остатоците од Вагнер во логистичките логори каде ќе си ги лечиме раните“, рекол видно вознемирен и изнервиран Евгениј Пригожин.

Основачот на платеничката група долго време ги напаѓа руските команданти, обвинувајќи ги дека се неспособни и намерно ја задржуваат муниција на Вагнер поради лична нетрпеливост кон него. Пред два месеци, Евгениј Пригожин призна дека се плаши дека Кремљ може да го „остави на цедило“ додека тој ги испраќа своите најдобри војници да ја пробијат украинската одбрана во Бахмут. Во меѓувреме, Евгениј Пригожин, гладен за публицитет, објавуваше разни импулсивни коментари. Пред една недела тој порача дека ќе го прекине артилерискиот оган за американските новинари да го снимаат Бахмут во мир. Додека следниот ден изјави дека „само се шегува“. 

Дали групата Вагнер навистина ќе се повлече од градот што се обидуваат да го окупираат од минатото лето, ќе се знае во среда. Датумот за повлекување е многу симболичен бидејќи претходниот ден, 9. мај, е голем празник во Русија за да ја одбележи победата на Советскиот Сојуз против нацистичка Германија за време на Втората светска војна

Евгениј Пригожин во своето последно видео обраќање порача дека одлуката ја донел затоа што повеќе не може да толерира да биде игнориран од Министерството за одбрана на Русија.

Шојгу! Герасимов! Каде е, по ѓаволите е муницијата ? Дојдоа овде како доброволци и умираат за вас додека се дебелеете во вашите канцеларии од махагони“, кажа нервозен меѓу другото Евгениј Пригожин.