ВИДЕО | “Што е ова !? Не дај Боже!“ – Студентка од Србија објави шокантни сцени од својот стан, покажа како изгледа нејзиниот живот со цимерите: “Ова е ужасно и гадно…“
На социјалната мрежа Тик Ток, девојка од Србија објави компилација од фотографии на кои се прикажани искуствата со цимерите со кои, судејќи по ознаките под објавата, живее во студентски дом.
Хигиената на нејзините цимери очигледно не е на завидно ниво. Во објавата можете да го видите мијалникот полн со нечистотија поради што бил блокиран одводот. На фотографиите се гледа и одвратно валкана када во која, како што тврди девојката, цимерката си ги чистела чевлите и така оставила се.
Објавата започнува со текст – „живот со цимери“, а во фотогалеријата студентката наведува и дека и викале кога и бил блокиран одводот во мијалникот, иако тоа било вина на нејзините цимери. Исто така, како што наведува девојката, тие не знаеле да ја вклучат машината за садови полна со валкани чинии.
Во објавата се гледаат и прамени коса пронајдени во мијалникот и кадата, валкан шпорет, тостер, садови со вкоренета нечистотија…
Исто така, девојката објавила видео и од оваа сцена:
Набрзо под објавата почнало да се појавуваат коментари од шокирани корисници на оваа социјална мрежа.
„Се срамам затоа што сум жена“, „Каков живот е ова ?“, „Ах, лошо, дали си луда“, „Единствена причина зошто не сакам да имам цимер, ффу“ , „Јас не би останал ниту еден ден тука“, „Не дај Боже“, се само дел од коментарите под објавата.
„Причината зошто почнав да работам додека студирав и зошто се иселив од станот што го делев со мојата цимерка. Беше валкано…“, додал друг корисник во коментарите.
Некои корисници на социјалната мрежа истакнале дека го имаат истиот проблем, други побараа да видат и повеќе вакви видеа и фотографии, пишува српски Курир.