ФОТО | “Таа сакала да биде идната Мерлин Монро“ – Украинска манекенка пронајдена распарчена во луксузен хотел, а убиецот ладнокрвно прашувал: “Како да го исечам телото !?“

Украинска манекенка која сонувала да стане филмска ѕвезда, чиј идол била Мерлин Монро, била убиена од нејзиното момче во луксузен стан во Тајланд, а телото и било распарчено со моторна пила, пишува Daily Mail.

На 29. април Алона Савченко (24 г.) се пријавила во хотел-апартман во Бангкок со нејзиниот партнер Јан Јержи Лагода-Филипоу (25 г.). Полјакот бил сопственик на рекламна агенција во Лондон, а девојката претходно правела фотосесии за него и уште неколку рекламни агенции. Наводно таа, била платена од брендови за да ги рекламира нивните производи на социјалните мрежи.

Алона Савченко
Алона Савченко

Персоналот на хотелот изјавил дека парот изгледал среќен додека се пријавувале во хотелот заедно, а на снимките од надзорните камери од ходникот се гледа како тие се насмеани додека оделе во својата соба. Но, нешто станало сомнително за обезбедувањето утрото на 15. мај, кога еден полски турист сам и набрзина излегол од зградата на хотелот, а го влечел багажот зад себе и изгледал многу нервозно и напнато.

Јан Јержи Лагода-Филипоу повикал такси, а возачот подоцна се јавил во хотелот за да ги информира за вознемирувачкото однесување на патникот што го возел. Тој наводно се обидел да дознае како да го исече телото преку пребарување на Интернет.

Надзорните камери на кои тој го напушта хотелот покажуваат како се тресе додека излегува од лифтот со куферот.

Откако го повикале таксистот, персоналот на хотелот отишол да ја провери собата на 32. кат, каде што на креветот ги нашле посмртните останки на Алон Савченко.

Лицето и било облеано во крв, а левата рака и била исечена на зглобот. Главата и била делумно отсечена со длабока расекотина од вратот до левото рамо, а имала и убодна рана на градниот кош. До телото била пронајдена и крвава моторна пила. Инспекторите веруваат дека таа била мртва околу еден ден пред да биде пронајдено телото.

Алон Савченко

Алон Савченко студирала во Кина и патувала во Валенсија, Варшава, Истанбул, Лондон и Рим, сите месеци пред да пристигне во Бангкок на крајот на април.

Тајландската полиција соопшти дека нејзиниот дечко можеби се обидел да ја премине границата со Камбоџа кога побегнал.

Полицијата разговарала и со таксистот кој го возел убиецот по излегувањето од хотелот.

Зедов сомнителен патник кој со помош на преведувачот на Google ми кажа дека сака да оди во казино. Кога не најде соодветно место, ме замоли, исто така, со помош на он-лајн преведувачот, да му помогнам да го распарчи телото на неговата девојка за 1.500 бати (44 долари)“, кажал таксистот.

Вознемирен од таквата понуда, таксистот го оставил полскиот турист во хотел во областа Саторн во Бангкок, а потоа се јавил во хотелот каде што претходно престојувал.

Лагода-Филипоу бил фатен на граничниот премин Аранјапратет во провинцијата Са Каео. Полицајците најпрво не го фатиле, но полициското куче истрчало кон туристичката агенција во близина на границата каде почувствувало необичен мирис. Лабрадорот Џуди почнал да мавта со опашката кога го почувствувала осомничениот кој седел пред таа агенција со билет за Камбоџа.

Полицајците соопштиле дека при апсењето бил многу мирен. Испил кафе во ќелијата и почнал да вежба, како тоа да му е нормална утринска рутина, пишува Daily Mail. Истрагата е во тек, а контактирана е и полската амбасада.