ВИДЕО | Што се случува со Рафаел Надал !? Новата снимка од тренингот на славниот Шпанец ги загрижи љубителите на тенисот: Со болна гримаса на лицето и помош на тренерот го напушти теренот…

Рафаел Надал е главниот актер на видео-снимката која многу ги загрижи неговите обожаватели.

Шпанскиот ас долго време се мачи со повредите, никако не успева да се опорави и да се врати на терените, поради што беше принуден да го откаже учеството на неколку турнири во блиското минато.

Рафаел Надал повторно се повреди, на тренинг, а видеото кое се појави на социјалните мрежи не влева надеж дека се ќе биде во ред со шпанскиот ас.

На еден тренинг Рафаел Надал го напушти теренот со помош на тренерот Карлос Моја, а неговата болна гримаса јасно покажува во каква состојба се наоѓа тој во моментот.

Да потсетиме, Ролан Гарос започнува на 28. мај, а се уште не е познато дали славниот Шпанец ќе учествува на турнирот на кој речиси секогаш е главен фаворит за освојување на титулата.