ВИДЕО | Ѕвездата на Реал Мадрид платил неверојатна сума на пари за неговиот нов “ѕвер“ на четири тркала: Погледнете го автомобилот кој Тибо Куртоа го чекал цели две години
Тибо Куртоа, голманот на Реал Мадрид и Белгија, е познат како еден од големите љубители на автомобилите.
Тоа тој го покажа неодамна кога плати 400.000 евра за Porsche 992 GT3 RS.
Многумина беа заинтригирани зошто автомобилот кој се продава за 250.000 евра чини многу повеќе.
Автомобилот е прилагоден на барањата на купувачите, односно Тибо Куртоа доплати за пакет наречен „Sonderwunsch“. Тоа значело дека од моментот на уплата до моментот на испорака треба да чека цели две години.
Секако, ова не е првата луксузна убавица на четири тркала во неговата гаража. Меѓу другото, Белгиецот се почести со автомобили како Mercedes AMG G 63, Lamborghini Urus, Ferrari Roma…
Новиот миленик ќе биде некаква сатисфакција за него што ќе го пропушти остатокот од сезоната. За потсетување, Тибо Куртоа заработи тешка повреда на предните вкрстени лигаменти, па не само што нема да брани за Реал Мадрид до крајот на сезоната, туку ќе го пропушти и Европското првенство во Германија.