ВИДЕО | ЅВЕЗДИТЕ НА ПСЖ ГИ ТРЕСЕ ГОЛЕМ СКАНДАЛ – На фудбалерите им се заканува голема казна, а се огласија и властите во Франција: “Ова е ужасно!“

Се влечат опашки по минатонеделното дерби на француската фудбалска лига, во кое ПСЖ го победи Марсеј (4:0) на „Парк на принцовите“. Поточно, работата стигна до самиот врв на државата, па мораше да реагира француската министерка за спорт Амели Удеа-Кастера.

Што се случи ? Натпреварот веќе беше завршен, а париските трибини ја славеа победата на своите миленици, кога на сцена стапија нови засилувања, но во негативен контекст.

Рандал Коло Муани и Усман Дембеле ја предводеа песната, која подоцна ја отпеаја заедно со обожавателите, а таа е многу погрдна кон нивните ривали. Во слободен превод, еден стих од песната гласи: „Марсеј, еби се…“. Тие двајца не беа сами, во хармоничен ритам им се придружи дуото Лајвин Курзава и Ахраф Хакими.

На социјалната мрежа Х (Твитер) се појави контроверзно видео во кое петтиот играч на ПСЖ, Ворен Заир-Емери, држи мегафон во раката, а претходно споменатата четворка пее контроверзна песна, за која сега треба да се појави пред дисциплинскиот судија на Француската фудбалска федерација. Видео-снимката можете да ја погледнете ОВДЕ.

На социјалните мрежи се појави и пораката од министерката:

Кога видов, се згрозив. Ако не ставиме крај на тоа, ќе ги навикнеме сите да биде нормално. Ќе го пренесеме од генерација на генерација и сите ќе кажат дека нема ништо лошо во тоа. Мора да се разбудиме и да работиме заедно за да го спречиме ова“, напиша Амели Оудеа-Кастера.

А што може да очекуваат вклучените играчи од дисциплинскиот судија ? Одлуката за казните е закажана за 5. октомври, играчите се соочуваат со четири играни суспензии, а клубот се соочува со финансиска казна и празнење на трибините.