ВИДЕО | Ја постави раката на Библијата и положи свечена заклетва – Кирјакос Мицотакис е новиот премиер на Грција

Кирјакос Мицотакис, претседателот на грчката владејачка партија Нова демократија, денес положи заклетва како премиер откако го доби новиот мандат од претседателката Катерина Сакеларопулу за формирање Влада.

Грчкиот весник Katimerini објави дека Кирјакос Мицотакис, кој беше премиер пред предвремените избори во Грција, отишол во палатата „Максимос“ откако положил заклетва.

Кирјакос Мицотакис ја става раката на Библијата додека полага заклетва како премиер на Грција
КИРИЈАКОС МИЦОТАКИС ЈА СТАВИ РАКАТА НА БИБЛИЈАТА ЗА ВРЕМЕ НА ЗАКЛЕТВАТА КАКО ПРЕМИЕР НА ГРЦИЈА 

Јоанис Сармас, вршител на должноста премиер, таму се сретна со него на церемонијата на примопредавање.

Попладнево се очекува Кирјакос Мицотакис да го објави составот на новата Влада.

Партијата Нова демократија на Кирјакос Мицотакис освои 40,55 отсто од гласовите на изборите во неделата, додека опозициската СИРИЗА 17,84 отсто.

Во понеделник, на 3. јули, новоизбраните пратеници треба да положат заклетва, пишува весникот Katimerini.