Би-Би-Си мораше да се извини за Новак: Британците ги нападнаа што не го осудија гестот на Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ со години трпи страшен притисок од Западот поради неговите ставови и љубовта кон Србија. Не молчеше до сега, а најдобриот тенисер на сите времиња веројатно нема да знае да молчи ниту во иднина, поради што на многумина им е „трн во око“. Но се добива впечаток дека сега се отиде предалеку.

Имено, коментаторот на Би-Би-Си Ендрју Касл и неговите соговорници Тим Хенман и Тод Вудбриџ претрпеле силни критики по финалето на Вимблдон за наводно фаворизирање на српскиот тенисер. Дополнително, Касл беше критикуван дека е „мек“ кон Ѓоковиќ откако го скрши рекетот од стативата на мрежата.

По тој повод Би-Би-Си објави соопштение:

-Добивме поплаки од луѓе кои имаа чувство дека нашиот коментар го фаворизира Новак Ѓоковиќ и дека не го осуди доволно неговото однесување откако го скрши рекетот од стативата на мрежата. Додека Ендрју Касл во прв план ги ставаше гневот и фрустрацијата на Ѓоковиќ и сметаше дека тоа е разбирливо во еден ваков клучен момент од натпреварот, иако беше јасно дека неговото однесување е погрешно и дека Ѓоковиќ со право беше предупреден. Ендјру, исто така, истакна дека таквото однесување може да биде опасно, потсетувајќи се на некои од претходните инциденти на Ѓоковиќ, велејќи: „тој беше дисквалификуван на УС Опен откако ненамерно го удри линискиот судија, тоа беше опасен момент од многу причини“. Разбираме како тие коментари влијаеле на некои гледачи и го споделивме овој став со програмскиот тим. Во текот на финалето нашиот тим ја анализираше играта и ги фалеше и двајцата играчи. Го пофалија Алкараз за одличната игра во тие години, варијациите во играта и Ендрју исто така учествуваше во фалењето на играта на Алкараз – се вели во соопштението на Би-Би-Си.

Во тој меч Алкараз победи во пет сета и со тоа стигна до вториот грен слем во кариерата.