ВИДЕО | Јокиќ го прашаа зошто дошол облечен како цртан лик на мечот со Лејкерси, еве што одговорил

Кошаркарите на Денвер Нагетс го совладаа тимот на Лос Анџелес Лејкерс со 114:10 3 во првиот натпревар од плејоф серијата на НБА и поведоа со 1:0. И овојпат Никола Јокиќ со 32 поени и дабл-дабл го предводеше својот тим до победата.

Сепак, Никола го „украде“ шоуто на почетокот на мечот.

По натпреварот новинарите го прашаа Никола зошто дошол така облечен.

– Еј, го сакам тој човек, го сакам цртаниот филм. Мислев дека ќе биде забавно да дојдам, истакна Никола.