Артемида под опсада: Се појавија првите снимки од местото на престрелката, шест лица се уапсени поради оваа причина?! (видео)

Денеска имаше пукање во атинската населба Артемида во која загинаа шест лица, а според грчките медиуми се работи за мафијашка пресметка.

Во Аретмида моментално има опсадна состојба. Полицијата го обезбедува местото на престрелката, а блокирани се и бројни приоди.

Како што јавија локалните медиуми, пет лица загинаа во автомобил на раскрсницата на улиците Арионос и Акрополеос, додека телото на еден маж е пронајдено покрај возило со германски регистарски таблички.

Алармот е вклучен, додека на терен има силни полициски сили кои пристигнале на повик околу 17:40 часот по локално време.

Во тек е истрага. Спасувачите и брзата помош се на терен.