Бројот на загинати во земјотресот во Мароко порасна на 2.497

– Бројот на загинати во земјотресот во Мароко се искачи на 2.497 лица, соопшти денес мароканското Министерство за внатрешни работи.

Министерството истакна дека во земјотресот што ја потресе северноафриканската држава доцна во петокот со магнитуда од 7 степени повредени се 2.476 лица.

Геолошкиот институт на Соединетите Американски Држави (USGS) соопшти дека епицентарот на земјотресот се случил малку по 23 часот по локално време, на 75 километри југоисточно од Маракеш, на длабочина од 18,5 километри.

Во Маракеш, кој се наоѓа на листата на светско наследство на УНЕСКО, земјотресот предизвика огромна штета.

Спасувачките тимови продолжуваат со потрагата по исчезнатите и лицата затрупани под урнатините четврти ден по разорниот земјотрес.

Голем број луѓе беа извлечени од спасувачите од под урнатините на објектите во различни области погодени од земјотресот.

Неколку странски спасувачки тимови веќе пристигнаа во земјата за да се приклучат на спасувачките операции.

Мароко досега ги прифати понудите за помош од Шпанија, Велика Британија, Катар и Обединетите Арапски Емирати.

Вчера, мароканската Влада отвори специјална сметка во трезорот и Банката на Мароко за донации за погодените од земјотресот.

Според Националниот институт за геофизика на Мароко, земјотресот е најсилниот што ја погодил северноафриканската држава во последните сто години.