“ТОЈ Е НОЌНАТА МОРА НА РУСИТЕ!“ – Овој човек е мозокот на новата украинска контраофанзива: Интересно е што се појавува кога ќе го пребарате неговото име на Интернет!

Во екот на тешката и макотрпна украинска контраофанзива, во која украинските сили се соочуваат со исклучително добро зајакнати окупаторски руски трупи, се почесто се споменува името на висок украински офицер. 

Станува збор за генералот Александар Сирски. Како што пишува BBC, ако неговото име се пребара на Интернет, лесно може да се види дека е опишан како – „најуспешниот генерал на 21 век досега“.

Александар Сирски, всушност, ја предводеше веќе добро познатата, класична одбрана на градот Киев на почетокот на целосната руска инвазија на Украина во февруари минатата година. Тој беше и мозокот на изненадувањето на Украина и пред се успешниот контранапад во регионот Харков на крајот на минатото лето. Сега Александар Сирски ја надгледува новата контраофанзива како прв човек на воените операции во источна Украина, една од двете главни украински оски во сегашниот замав.

Новинарот на BBC, Џонатан Бил, се сретнал со овој украински генерал на тајна локација до командното возило што го користи за да ги посети своите сили и да внимава на битката. Над возилото е инсталиран моќен митралез, а внатре на голем екран се прикажуваат повеќе видеа од бојното поле од стотици дронови, кои се емитуваат во живо.

Средбата се одржала во близина на Бахмут, а на прашањето дали целта му е повторно да го заземе тој град, тој со насмевка одговорил: „Да, се разбира, се обидувам да го направам тоа“. Но, дури и самиот Александар Сирски признава дека, повеќе од еден месец од почетокот, долгоочекуваната повеќестрана контраофанзива на Украина се движи побавно отколку што многумина се надеваа. „Би сакале да постигнеме многу брзи резултати“, вели Александар Сирски и додава: „Но, во реалноста тоа е практично невозможно“.

Тој наведува дека и на исток областа е преполна со мини и одбранбени бариери. Русите, посочува, имаат многу утврдени позиции. „Значи, нашиот напредок навистина не оди толку брзо како што би сакале“, тврди тој.

Сепак, тој смета дека Украина се уште има една јасна предност. „Верувам дека единството на нашето воено раководство и довербата на нашите војници едни во други се силна страна на нашата Армија“, вели Александар Сирски. Ова е во целосна спротивност со руската воена хиерархија, која се чини дека страда од внатрешни борби, при што некои високи офицери неодамна беа отстранети од командата.

Луѓето со кои е опкружен, опишува новинарот на BBC, се восхитуваат на неговата посветеност, решителност и итрина. Тој се опушта со секојдневно вежбање во теретана, а спие само четири и пол часа навечер.

слика
Александар Сирски

Официјален Киев тврди дека обновил речиси 30 квадратни километри територија јужно и северно од Бахмут. Украинската заменик министерка за одбрана Хана Маљар изјави дека руските сили во градот наскоро ќе бидат заробени. Сепак, како што пишува BBC, артилериските гранати продолжиле да паѓаат врз украинска позиција што ја посетила нивната екипа на само три километри од градот. Алекс, еден од војниците од украинската 57-ма бригада, ја опишува ситуацијата како „напната“.

Далеку од областа на гранатирање, украинските команданти во длабок бункер ги координираат напорите за повторно преземање на Бахмут. Пред два месеци, кога последен пат бил во областа, рекол Александар Сирски, украинските сили губат земја и се во опасност да бидат опколени, а сега, вели тој, работите се свртеле.

Полковник Олександр Бакулин, командант на 57-та бригада, вели дека сега Русите се во неволја. Тој вели дека не го потценува својот непријател, но дека редовните руски сили со кои сега се соочува не наликуваат на платениците на групата Вагнер на Евгениј Пригожин, кои на крајот го зазедоа градот на почетокот на оваа година. Вагнер, вели тој – „беше вистински непријател… убиваше многу“.

Ако вложиме малку труд, Бахмут би можел да биде опколен“, рекол Олександр Бакулин. Спротивно на конвенционалните воени доктрини кои учат поинаку, тој вели дека неговите загуби во офанзивата се помали отколку кога неговата единица била статична и го бранела градот. Придвижувањето напред, иако бавно, тврди тој, исто така го подигна моралот, па полесно се поднесуваат загубите.

За прв пат на источниот фронт, бројот на украинските сили сега се совпаѓа со бројот на руските војници – околу 160.000 луѓе. 

Едно од прашањата е дали динамиката на бојното поле може да се промени со пристигнувањето на касетните бомби испорачани од САД, кои содржат десетици помали бомби расфрлани на пошироко подрачје, а кои се забранети од повеќе од сто земји.

Полковник Олександр Бакулин вели дека ова оружје е неопходно за да се нанесе максимална штета на непријателската пешадија. „Колку повеќе пешаци умираат овде, толку повеќе нивните роднини во Русија ќе ја прашуваат нивната Влада ‘зошто?’“, тврди тој. Сепак, тој додава дека не може да каже дека касетните бомби ќе ги решат сите нивни проблеми на бојното поле и исто така признава дека тоа е контроверзно оружје. „Да не ги искористат Русите, можеби нашата совест нема да ни дозволи да го направиме тоа“, објаснува тој.

Генералот Александар Сирски потврди дека американската касетна муниција пристигнала во Украина и дека за неколку дена ќе биде подготвена за употреба. Екипата на BBC тврди дека видела американски хаубици М777, кои веќе испуштаат гранати, веќе распоредени на позицијата околу Бахмут.

Александар Сирски вели дека повторното заземање на градот би имало нешто повеќе од симболична вредност. Тој тврди дека Бахмут е и од стратешко значење, како еден вид порта кон другите клучни градови во регионот. „Нашиот народ чека на победи, му требаат мали победи“, заклучи Александар Сирски.