ХОРОР ВО ИТАЛИЈА – Мајка-монструм си го задавила сопствениот 1-годишен син: “Трагедија, го чекаа и посакуваа тоа дете пет години…“

45-годишна жена со иницијали Е.Р. од Италија го задавела својот едногодишен син кога таткото на детето отишол на работа, а тие биле сами дома. Бабата на момчето ја открила страшната сцена за тамошните медиуми.

Според првичните информации, таткото на бебето отишол на работа, а еден час подоцна дошла мајката на жената и веднаш повикала полиција. Итната помош заедно со полицијата веднаш стигнала на местото на настанот, но детето не можело да се спаси. Мајката признала дека го убила синот веднаш штом таткото излегол да оди на работа.

Уапсена е, но во моментот е во болница, во психијатриското одделение каде ја обезбедуваат полицајци. Го чекаа и го посакуваа ова дете пет години“, открива сосед на семејството за локалните медиуми. Соседот вели дека бабата на момчето го слушнала врескањето и веднаш истрчала таму.

Трагедија. Мислам дека мајката боледувала од постпородилна депресија. Можеше да се види дека е малку вознемирена, но беше добро“, рекла една потресена жена.