ФОТО | Убавата ќерка на легендарниот англиски фудбалер ги воодушеви обожавателите во проѕирен бел фустан, реакциите не престануваат: “Ти си ангел!“

Легендарниот англиски фудбалски напаѓач Алан Ширер „блескаше“ во Премиер Лигата на почетокот на деведесеттите години од минатиот век и ќе остане запаметен како еден од најдобрите фудбалери во историјата на својата земја.

Оттогаш поминаа многу години, а колку брзо минува времето најдобар доказ е неговата ќерка Холи, која порасна во прекрасна дама. Холи свири музика, танцува и пее, а со тоа ги воодушевува своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм

Девојката овој пат ги почести своите следбеници на таа социјална мрежа со издание во проѕирен бел фустан и ги воодушеви. „Ти си ангел“, ѝ напишал еден од нејзините многубројни следбеници, а друг додал: „Нереално“.