Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар утре во официјална посета на Северна Македонија

 Претседателот Стево Пендаровски утре ќе биде домаќин на претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар, која ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Претседателката Пирц Мусар ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести на официјална церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следува тет-а-тет средба на претседателите Пендаровски и Пирц Мусар и пленарен состанок на делегациите на Северна Македонија и Словенија.

Во рамки на посетата, како што соопшти кабинетот на Пендаровски, во црквата „Св. Спас“ во Скопје двајцата претседатели ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.