Возачи живи изгореа во сообраќајка во Љубљана: Тројца загинати во несреќата, камион предизвика хаос, пожар зафати 5 возила (ВИДЕО)

Три лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи на јужната обиколница околу Љубљана.

Несреќата се случила кога камионот налетал на колона возила, по што две товарни возила и три автомобили целосно изгореле во пламенот.

Камионџијата, кој се движел во правец на Приморска, нешто по 15 часот на излезот кон Рудник налетал на колона возила која поради густиот сообраќај полека се движела, но не успеал да запре.

Едно лице загинало во автомобилот на кој налетал, а уште две во друг автомобил кој бил зад запалениот камион.

– Околу 15 часот и 30 минути на јужната љубљанска обиколница кај излезот Рудник во правец кон Копер се случи тешка сообраќајна несреќа. Биле вклучени повеќе возила, меѓу кои и камион, кој се запалил. Возачот на камионот налетал на патнички автомобил, кој го фрлил во друго патничко возило, а потоа двата автомобила во друг камион. Вториот камион потоа се судрил со автомобил со приколка и се превртел. Првиот камион и патничко возило беа зафатени од пламен. Загинаа три лица кои се наоѓаа во првите два автомобили – соопшти полицијата.

Дел од обиколницата кон Копер е затворена и така ќе остане до крајот на ноќта.

– Камионот туркал автомобил пред себе, кој исто така бил во пламен. Позади имаше уште еден помал автомобил и за жал веднаш видовме дека во него има две мртви лица. Со техничка интервенција ги извлечевме телата и помогнавме да се извлечат луѓе од друг автомобил со приколка што слета на негова страна, а на негова страна застана и другиот камион – изјави Силва Кунтарич од Противпожарната бригада на Љубљана.