ВИДЕО | Јокиќ повторно исфрлен од мечот, ниту на ривалите не им било јасно што покажуваат судиите!

Кошаркарите на Денвер го победија Чикаго со 114:106, но српскиот центар Никола Јокиќ беше исклучен рано во првото полувреме поради приговори до судиите.

Откако неодамна беше исклучен од мечот поради две технички грешки, сега повторно се случи таа ситуација, а на никој во салата не му беше јасна вистинската причина.

На околу една минута пред крајот на првото полувреме од натпреварот помеѓу Чикаго Булс и Денвер, во моментите кога Никола беше во напад и играше еден на еден со Никола Вучевиќ, упати шут, но топката не влезе во кошот.

При враќањето на половината на Нагетс, Јокиќ дофрли нешто кон судијата, кој веднаш покажа дека е исфрлен.

Никој не разбра што се случува, дури и навивачите на домашниот тим негодуваа.

– Ова е сосема претерано. Навивачите не дојдоа да ги гледаат судиите, туку двократниот МВП – изјавија коментаторите на овој натпревар.

Самата игра остана во втор план, а актуелните шампиони на крајот победија со резултат 114:106. Јокиќ до моментот на исфрлањето имаше 4 поени, 9 скока и 6 асистенции.