ВИДЕО | Јусуф Нуркиќ ја шокираше НБА лигата: Американците нагомено зборуваат за овој потег на кошаркар од Босна и Херцеговина, а никому не му е јасно зошто го направи тоа

Кошаркарот на Феникс Санс, Јусуф Нуркиќ, ги шокираше навивачите во Њујорк со начинот на кој играше во одбраната против Џулиус Рендл.

Џулиус Рендл, кој просечно постигнува близу 20 поени, се изнервира во дуелот со кошаркар од Босна и Херцеговина кој го пушти да шутира без никаков притисок.

Во девет од 10 слични ситуации Џулиус Рендл постигнуваше кош, но овој пат не. Можно е потегот на Јусуф Нуркиќ целосно да го збуни кошаркарот на Њујорк Никс. Центарот на Феникс Санс наместо да застане на „гард“ и да го брани кошот, реши само да се сврти како да е 100 отсто сигурен дека неговиот ривал нема да го погоди кошот.

Навивачите на НБА се поделени кога се во прашање реакциите на овој потег. Дел од навивачите сметаат дека Јусуф Нуркиќ покажал генијалност, а други сметаат дека тоа е лош однос кон играта и кон тимот, а тој момент од натпреварот можете да го погледнете ОВДЕ.

Феникс Санс го доби овој натпревар со резултат 116:113, а Јусуф Нуркиќ го заврши натпреварот со осум поени, 10 скока и по четири асистенции и блокади. Џулиус Рендл постигна 28 поени со пет скока.