Има само 16 години, тој е бразилско чудо и „новиот Меси“! Манчестер Јунајтед има пеколна конкуренција (ФОТО)

Манчестер Јунајтед сака да го доведе 16-годишниот Бразилец, Естевао Вилијан , чиј прекар е Месино . Но, нема да биде лесно откако во трката се вклучија Манчестер Сити, Челзи, Арсенал, Пари Сен Жермен, како и Реал Мадрид и Барселона .

Месино неодамна беше најдобар стрелец на Светското првенство за играчи до 17 години, а моменталната откупна клаузула е околу 60 милиони евра. Во моментов е член на Палмеирас , иако порасна во академијата на Крузеира, која ја напушти пред две години.

Својот прекар го добил затоа што на теренот потсетува на Лионел Меси , а неговиот талент е препознаен одамна, а тоа го потврдува и тоа што на само десет години потпишал спонзорски договор со компанијата Најк.

На неодамнешното Светско првенство постигна три гола и беше најдобар стрелец на турнирот. Покрај тоа, запиша и четири асистенции.