БЕЗБЕДНОСНА камера во кино во градот Канаи, Алјаска сними необична глетка.
На видеото снимено на 19 април оваа година, може да се види како лос од Алјаска влегува во кино и се приближува до барот каде што е вработената Џасмин Палмер. Големото животно љубопитно погледна наоколу, а потоа ги виде пуканките и реши да се послужи. Откако ги изел пуканките, лосот мирно излегол од театарот и тргнал по својот пат.
„Не пораснав во Алјаска, па не бев свесен дека младенчето лос е главно безопасно. Но, со дивите животни никогаш не се знае“, изјавила Палмер подоцна.