MILLER’S Girl е претстојниот филм од студиото Lionsgate, во кој главните улоги ги толкуваат Мартин Фримен (52) и Џена Ортега (21). Премиерата на филмот во кината треба да биде на 26 јануари 2024 година.
Заплетот го следи неуспешниот писател Џонатан Милер и извонреднaта студентка Каиро Свит, кои работат заедно на еден проект. Набрзо сфаќаат дека имаат многу повеќе заедничко од нивните академски дипломи. Приказната ќе ја истражува неумоливата привлечност помеѓу овие два лика.
Режисерката е Џејд Хали Бартлет, која работеше и на сценариото. Фримен покрај главната улога е и на позицијата извршен продуцент. Првата слика од филмот беше објавена и на X, а фановите веднаш почнаа да се згрозуваат од оваа премиса, најмногу поради разликата во годините меѓу двајцата актери.
„Ми се чини дека е премлада за оваа улога. На нејзино место требало да биде постара жена која можела да помине како студент. Малку чудно“, смета еден фан.
„Џена, ќе ми треба есеј од тебе и твојот агент за да ме убедиш зошто мислеше дека ова е добра идеја“, тврди друг.
„Холивуд навистина не принудува да го прифатиме нивниот начин на живот“, пишува трет.
Срамно и морничаво, според фановите
„Мислев дека Мартин може подобро. Ова изгледа морничаво“, коментира четвртиот.
„Разлика од 30 години. Каков срам. Има стотици убави актерки на слична возраст“, јасна е петтата.
“Кога ќе престанеме да правиме филмови каде старите момци се плеткаат со своите ученици?” прашува шестиот.