Пукање во Подгорица, рането едно лице: “Човекот лежеше во локва крв”

Едно лице, најверојатно државјанин на Турција, е рането вечерва во престрелка во Подгорица, јавува Vijesti.me. Жртвата која била застрелана во нозете изгубила многу крв и во тешка состојба е пренесена во Клиничкиот центар во Подгорица.

Полицијата трага по се уште непознатиот сторител. Нападот се случил во близина на рампата на подземната гаража во улицата Војводе Маша Ѓуровиќа, која е оддалечена само петнаесетина метри од игротеката каде децата го прославувале роденденот. 

Брза помош го однела ранетиот, а полицијата ја блокирала населбата. Од полициски извори неофицијално се дознава дека престрелката се случила околу 20:35 часот. „Ранетиот лежеше во локва крв“, им рекол очевидецот.