КОЈ Е ТАТКОТО НА ДЕТЕТО НА МАРИЈА ШЕРИФОВИЌ? Откриени сите детали од бременоста и раѓањето на бебето – Проговори и за договорот!

Пејачката Марија Шерифовиќ стана мајка на син кој го нарече Марио. Бебето беше донесено на свет од сурогат мајка во клиника во Лос Анџелес, а по веста, јавноста почна да шпекулира за тоа кој е татко на детето и како изгледа процесот. Марија рече дека нејзиниот пат од желбата да има свое дете до доаѓањето на бебето бил долг, но го поминала бидејќи имала голема желба да биде мајка.

“Пред две години поминав низ процесот на екстракција на моите јајце клетки и потоа создавање на ембрион. После сите тие генетски тестови, јас бев дознав дека имам три здрави ембриони. Така се роди Марио“, откри таа, а на прашањето кој е таткото на детето и дали неговиот идентитет е воопшто важен, Марија рече:

Поради договор за приватност не можам да ги споделам сите информации со вас, но она што можам да кажам е дека кога ќе дојде време, Марио ќе знае се за тоа“.

Пејачката со мајка си Верица Шерифовиќ кон средината на ноември отпатува во Америка за да биде со сурогат мајка за време на подготовките за породувањето. Бидејќи Америка е земјата која најмногу напредувала, во однос на комплетната процедура за сурогат мајчинство – од грижата за жените, кои се сурогат мајки, до целосната правна и психолошка логистика, кои се многу предизвикувачки и многу важни, Шерифовиќ одлучи дека таму би се родило нејзиното дете.

Покрај тоа, Марија веќе десет години патува во Америка и од лични и од професионални причини и ја смета за своја втора земја.