ВИДЕО | Џо Бајден делеше дипломи, а потоа падна на подиумот, му помогнаа повеќе луѓе да застане на нозе – што се случува со претседателот на САД !?
Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, се сопна и падна откако ја врачи последната диплома на церемонијата на дипломирање во Академијата за воздухопловни сили на САД во четвртокот.
Џо Бајден брзо стана на едно колено со помош на три лица и без помош се врати на своето место, објави медиумската агенција Reuters.
Кога на 80-годишниот американски претседател му помогнале да стане, тој покажал зад него и изгледал како сака да укаже на нешто поради што се сопнал.
Директорот за комуникации на Белата куќа, Бен ЛаБолт, на социјалната мрежа Твитер објави дека Џо Бајден се чуствувал добро: „Имаше вреќа со песок на сцената кога се ракуваше“, објаснил тој.
Падот дојде откако Џо Бајден го одржа почетниот говор пред толпата што мавташе со знамиња, каде што ги предупреди дипломците дека ќе влезат во служба во се понестабилен свет, наведувајќи ги предизвиците од Русија и Кина.
За потсетување, Џо Бајден се кандидираше за реизбор во 2024 година. Докторите го прогласија за здрав и способен за должност во февруари.