МИХАЕЛА Мајер-Морси од Данска веќе имала ќерки близначки кога пред 17 месеци родила тројки, момчињата Чарлс, Теодор и Габриел. Таа во текот на целата бременост споделуваше детали од своето секојдневие, а сега реши да се потсети како изгледал нејзиниот стомак деновите пред породувањето.
Таа објави видео на TikTok кое е снимено кога била бремена во 35-та недела. Нејзиниот стомак стана виолетов и беше полн со модринки.
“Моите синови пораснаа во еден миг. Се чувствувам малку тажно бидејќи времето минува толку брзо. Навистина можам да ја видам разликата од ден на ден. Уживам во секоја секунда, но понекогаш се тагувам затоа што ми недостигаат моите бебиња”, вели Михаела.
Видеото собра 128 милиони прегледи и остави многумина во неверување.
„Децата се преслатки и ви честитам, но ова изгледа како кошмар“, коментира едно лице.
„Човечкото тело е неверојатно“, додаде друг.
„Ти си вистинска храбра жена“, вели трета.