ВИДЕО | 13-годишното момче го критикуваа на училиште да престане така да црта, а сега потпиша договор со Најк
Цртањето на час е едно од хобијата на учениците за намалување на досадата, но едно момче успеа да ги заработи своите „чкртки“, кои станаа хит на социјалните мрежи.
13-годишниот Џо Вејл е од Шрусбери во западна Англија, а на социјалните мрежи е познат и како “Doodle Boy”. Наставниците често го карале за цртање на часовите, но момчето успеало неговата страст за цртање да ја претвори во успешен бизнис.
Џо го привлече вниманието со своите илустрации преку Инстаграм, каде што сега има повеќе од 167.000 следбеници. Неговите илустрации го привлекоа вниманието на некои од најголемите светски брендови за спортска облека, вклучувајќи го и Најк.
Договор со Најк
Всушност, Џо успеа да затвори огромен договор со Nike, кој започна дигитална кампања за поттикнување на детската креативност, а неговата агенција Loveblood Creative го потврди партнерството во писмена изјава објавена минатата година.
„Многу сме возбудени што можеме да потврдиме дека Џо сега е дел од семејството Најк. Тоа е навистина уникатна врска која ги обединува талентот на Џо и љубовта кон спортот за да ги инспирира другите да се забавуваат и да го прават она што го сакаат“, се вели во соопштението.
Таткото на Џо, Грегори Вејл, тогаш откри за Си-Ен-Ен: “Џо е многу возбуден што ќе се приклучи на семејството Најк, тој апсолутно го сака брендот. Тоа е остварување на сонот за него бидејќи сака и спорт и креативност, а партнерството со Најк ќе му даде можност да ги прифатиме и двете“.
Момчето вели дека има само едно правило кое секогаш го следи кога се во прашање неговите цртежи: „Во уметноста нема правилно или погрешно, само интерпретација. А тоа значи дека кога создавам, јас сум целосно слободен да се изразам“.