ВИДЕО (18+) | Бритни Спирс сподели жешки снимки од танцување на шипка – синовите се срамат од познатата мајка: “Погледнете, синоќа прв пат го пробав ова!“

Бритни Спирс ги воодушеви сите свои следбеници стриптиз танц, на што дефинитивно помогна и оскудниот комплет долна облека со леопард принт што ја носеше заедно со соодветни ракавици и црни чизми. 

На видеата објавени на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм, популарната и контроверзна пејачка, на изненадување на многумина, изведе низа бурни танцови потези на розов стриптиз стап.

Со песната „Closer“ на бендот Nine Inch Nails, 41-годишната поп-ѕвезда се вртеше на шипка, која, како што вели ја испробала претходната вечер.

Ова го добив пред два дена и синоќа прв пат го искористив“, напишала таа во описот на објавата.

Погледнете ја видео снимката ОВДЕ.

Имено, ова видео е снимено неколку дена откако Page Six ексклузивно дозна дека таа неодамна повторно се поврзала со нејзините два сина, Шон Престон и Џејден, кои наводно биле „засрамени од нејзините секси објави“ на социјалните мрежи во минатото.

Адвокатот на нејзиниот поранешен сопруг Кевин ФедерлајнМарк Винсент Каплан, вели дека тинејџерите биле во контакт со нивната мајка веројатно пред неколку недели.

Сепак, Page Six известува дека тој не знаел дали биле во контакт откако Шон Престон (17 г.) и Џејден (16 г.) се преселиле на Хаваи со нивниот 45-годишен татко претходно овој месец.

Уште во август 2022 година, беше објавено дека Кевин Федерлајн тврдел дека Шон Престон и Џејден не присуствувале на свадбата на нивната мајка со Сем Асгари бидејќи биле разочарани од нејзините објави на Инстаграм.