ОПШТ ХАОС ВО ЛУКСУЗЕН ХОТЕЛ ВО БЕЛГРАД: Тројца австриски државјани се уапсени поради тепачка на крштевка, едно лице тешко повредено

Тројца австриски државјани се уапсени поради учество во тепачка во која еден маж е тешко повреден.

Третото основно јавно обвинителство Белград во соработка со Полициската станица Нов Белград денеска им одреди притвор на австриски државјани родени 2003, 2004 и 1988 година поради постоење основи на сомнение дека пред два дена учествувале во тепачка во познат белградски хотел .

Во саботата вечерта, по 23 часот,  на прославата на крштевката во хотелот дошло до масовна тепачка , во која неколку лица му нанеле тешки повреди на маж (47).