Лансиран; „Во состојба на готовност, соработуваме со САД“; Тоа е прв пат…

Северна Кореја утринава лансираше две балистички ракети со краток дострел кон Источното Кинеско Море, соопшти јужнокорејската војска.

Јужнокорејската војска соопшти дека ја следи ситуацијата, е во целосна готовност и дека тесно соработува со САД. Главниот секретар на јапонскиот кабинет Хироказу Мацуно рече дека двата проектили паднале во морето надвор од јапонската економска зона.

Мацуно изјави дека Јапонија поднесе протест со Северна Кореја преку дипломатски канали во Пекинг, пренесе Ројтерс.

Јонхап објави дека станува збор за очигледна демонстрација на сила во време кога севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се состана со рускиот претседател Владимир Путин во Русија.

Аналитичарите велат дека ова е првпат Северна Кореја да лансира проектили додека нејзиниот лидер е надвор од земјата.

Северна Кореја продолжи да ги унапредува своите тестови на оружје и покрај резолуциите на Советот за безбедност на ОН за забрана на лансирање балистички ракети.

Последен пат Пјонгјанг истрела две балистички ракети со краток дострел на 30 август.