ВИДЕО | 92-годишен дедо нокаутирал двајца насилници среде улица

Неверојатна снимка ни доаѓа од Обединетото Кралство.

Пред влезот на еден McDonald’s ресторан на Островот избила тепачка во која главната улога ја имал 92-годишен старец.

Неколкумина го нападнале дедото несвесни дека се работи за поранешен боксер, кој очигледно бил во фантастична форма, со оглед на годините.

Пресметката траела неколку минути, а виталниот дедо успеал да ги нокаутира двајцата напаѓачи. Неколку пати ги патосирал и не се откажал. Очигледно му се допаднала борбата, во еден момент се гледа како ја соблекува маицата и почнува да танцува како во ринг.

Една жена упорно се обидувала да ја прекине тепачката, но воинствениот дедо ја оттурнува, сакајќи да им покаже на мангупите со кого нашле да се задеваат.

Откако ги патосира двајцата, доаѓа и трет, а старецот очигледно загубил снага, па овој пат тој беше патосиран, но се гледа како брзо станува.

Видеото брзо стана вирално. Во неговиот опис се наведеува дека дедото има 92 години и е поранешен професионален боксер, но не се открива неговото име.

Многумина се сомневаат дека има 92 години, бидејќи изгледа премногу витално за таа возраст, иако се гледа дека е стар.