ЧЕТИРИ РАНИ ЗНАЦИ КОИ УКАЖУВААТ НА СРЦЕВИ ПРОБЛЕМИ – Можат да бидат фатални, а еднакво ги погодува и мажите и жените

Срцевиот застој е една од најсмртоносните медицински итни случаи. Тие се разликуваат од срцевите удари – каде што е прекинато снабдувањето со крв во срцето. Срцевиот застој е предизвикан од ненормален срцев ритам, а доколку не се добие реанимација, може да заврши со смрт за само неколку минути.

Сепак, постојат некои знаци кои можете да ги забележите пред време. Д-р. Киндерон Рајнер ги открил предупредувачките симптоми кои може да укажуваат на ненадеен срцев удар односно застој. 

Студијата на д-р. Киндерон Рајнер истражува колку се чести симптомите кај пациентите со срцев удар и кај контролната група на пациенти кои не се во срцев удар. Ова се неколку предупредувачки симптоми:

1.) КРАТОК ЗДИВ – Најчестиот ран знак на срцев застој е отежнато дишење – медицински познато како диспнеа. Околу 41 отсто од пациентите го доживеале овој знак, во споредба со 22 отсто во контролната група. Тоа е единствениот знак значително поврзан со срцев удар и кај мажите и кај жените, велат истражувачите.

2.) БОЛКА ВО ГРАДИТЕ – Болката во градите е вториот најчест знак. Погодил околу една третина од пациентите, во споредба со четвртина од контролната група.

3.) ПОТЕЊЕ – Дијафорезата, или обилно потење, исто така влијае на повеќе пациенти со срцев удар отколку другите итни случаи. Околу 12 проценти имале симптоми, во споредба со осум проценти во контролната група. Исто така, беше значително поврзан само кај мажите, а не и кај жените.

4.) НАПАДИ – Конечно, „активноста слична на напади“ е исто така почеста кај срцевите пациенти отколку кај контролите. Единаесет проценти имале симптом, наспроти седум проценти.

Доколку почувствувате некој од горенаведените симптоми и спаѓате во групата на хронични пациенти или веќе имате проблеми со срцето, веднаш треба да се јавите кај вашиот доктор.