„ВИЕ НИ ПОМОГНАВТЕ ДА РАЗБЕРЕМЕ КОЈ Е НЕПРИЈАТЕЛОТ“: Опасната сестра на Ким Џонг упати саркастична честитка до својот голем ривал
Ким Јо Јонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун , испрати „ новогодишна честитка“ до јужнокорејскиот претседател Џун Сеок Јеол и „му се заблагодари за неговиот придонес“ за зајакнување на одбранбените способности на комунистичката земја.
– Со двете раце го поздравувам фактот дека и на Нова година, претседателот на Република Кореја Џун Сеок-Јол рече дека ќе продолжи да дава „посебен придонес“ за брзото зајакнување на воената моќ на нашата земја – рече таа.
Ким Јо Јонг укажа на изјавата на Јун Сеок Јеол дека Република Кореја и Соединетите Држави ќе го завршат формирањето на зајакнат одбранбен систем за одвраќање во првата половина на 2024 година за да се спротивстават на заканата од нуклеарна ракета од Северна Кореја.
Таа објасни дека тоа му овозможило на Пјонгјанг да разбере кој е непријателот , бидејќи јужнокорејската страна ги идентификувала властите на Северна Кореја и нејзината војска како „непријател што мора да биде уништен“.
Зборовите на Сеул за обединување на Корејскиот полуостров под покровителство на „системот на либерална демократија“ им овозможија на народот на Народната Република да ги отвори очите и да се откаже од илузорното „национално помирување и мирно обединување“ , нагласи Ким Јо Јонг.