ВИКТОР ОРБАН ВО ОТВОРЕН КОНФЛИКТ СО ЗАПАД И ЕУ – Премиерот на Унгарија со драматична порака: “Ние сме трн во око, никогаш нема да дозволиме една работа!“
Будимпешта не планира да отстапи од својата позиција за главните политички и општествени прашања, иако е свесна дека лидерите на Соединетите Американски Држави и на Европската унија ќе продолжат да ја напаѓаат, порача денес премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, на состанокот со членовите на владејачката партија.
Според тамошните медиуми, на состанокот одржан зад затворени врати, Виктор Орбан изјавил дека Унгарија е „трн во око“ на западните земји бидејќи е најслободна земја во Европа.
„Нашите граници се безбедни и тука нема мигранти. Наместо тоа, имаме семејна политика и никој не им наметнува родови идеи на децата. Не и даваме оружје на Украина и не сакаме да се мешаме во војната“, нагласува Виктор Орбан.
Тој предупреди на намерата на лидерите на ЕУ да го одземат економскиот, културниот и политичкиот суверенитет на Унгарија и дека со тоа сакаат да го променат начинот на кој Будимпешта го снабдува населението со гас, а воедно и да ја принудат да прими десетици илјади мигранти во земјата.
Виктор Орбан додава дека Запад сакал да ја натера Унгарија да и даде пари на Украина и да го одобри членството на земјата во ЕУ без дебата, иако таа не ги исполнува условите.
„Нема да дозволиме тоа да се случи“, јасен е Виктор Орбан.