ВИКТОР ОРБАН Е ВИСТИНСКА КОПИЈА НА ВЛАДИМИР ПУТИН – Полека но сигурно ја презеде реториката на Кремљ: “Драго ни е што во Украина нема војна, туку операција“

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, ја доведе во прашање природата на руската инвазија на Украина, одбивајќи да каже дека тоа е војна и со својот избор на зборови го поддржа претседателот на Русија, Владимир Путин, пишува dpa.

Ова е операција додека не се објави војна меѓу двете земји“, порача десничарскиот популистички премиер на Унгарија на својата годишна прес-конференција во четвртокот во Будимпешта.

Тоа беше одговорот на Виктор Орбан на прашањето зошто неодамна избегна да зборува за „војна“ во разговорите со Владимир Путин

Ние Унгарците никому не диктираме со кои зборови треба да се зборува за тоа“, нагласи Виктор Орбан и порача: „Драго ни е што тоа не е војна“, а од друга страна кажа дека Украина е во „војна“.

Виктор Орбан, кој долго време одржува добри односи со Владимир Путин, се сретна со претседателот на Русија во Пекинг во октомври. Виктор Орбан даде двосмислена изјава во врска со спорот со Брисел за замрзнатите 21 милијарда евра од средствата на ЕУ наменети за Унгарија.

Виктор Орбан и Владимир Путин

Од една страна, тој ги отфрли обвинувањата дека сака да го поврзе прашањето со плановите на ЕУ за натамошна помош за Украина во вкупна вредност од 50 милијарди евра. Од друга страна, тој посочи дека е строго против внесување на оваа сума во седумгодишниот буџет на ЕУ.

Виктор Орбан тврди дека се плаши дека нема да остане ништо за плаќање на моментално блокираните милиони на Унгарија, иако тоа не е точно, јави dpa. Сепак, тоа е од суштинско значење за финансиската поддршка на Украина бидејќи Будимпешта е исто така заинтересирана Украина да постои како тампон држава меѓу Унгарија и Русија.