СЕ ОТВОРИЛА ЗЕМЈАТА ВО НИВАТА, ДУПКАТА ГО ГОЛТНА ТРАКТОРОТ! Пожарникарите му го спасиле животот на возачот (ФОТО)

На нива кај Чортановац тракторот паднал во дупка, а возачот се здобил со тешки телесни повреди.
Неверојатна несреќа се случила денеска на нива кај Чортановац кога се „отворила“ земјата и тракторот паднал во дупка и се превртел.

Возачот се здобил со тешки телесни повреди.
Објавена е и фотографија на која се гледа дупката која го „проголтала“ тракторот кој целосно се свртел. Не е познато како се случило тоа, а животот на возачот бил спасен благодарение на брзата реакција на пожарникарите и екипажот на Брзата помош.